Авто Чајка

Овластен дилер и сервисер за брендовите Peugeot, Hyundai, Ford, Toyota, Honda, MG и Chery

За Нас

Нашата мисија е во најбрз рок да најдеме решение при Вашиот избор на нови или половни возила, кои соодветно ги одржуваме во својот автомеханичарски и автокаросериски сервис. Максималната посветеност на нашиот стручно обучен тим овозможува комплетно одговарање на очекувањата на нашите клиенти, кои се наша примарна цел која не води кон врвот на успешноста.

Ставаме акцент на законските норми и регулативи и покрај продажбата, презентираме поволни услови за кредит и лизинг. За услугата која Ви ја нудиме, како суштинска предност, помагаме во средувањето и аплицирањето на комплетната документација.

Веќе 30 години главен фокус на нашата стратегија е стремежот кон патот да останеме професионално ориентирана компанија. Таргетот кон кој целиме бара постојана стручност, усовршување и надоградба на знаењата на сите наши вработени. Посветеноста на работата е нашето движечко мото, а задоволните клиенти нашиот материјален доказ.

Со желба да бидеме подостапни до своите клиенти, во 2004 год. отворивме нов продажен салон во Скопје, во 2007 год. комплетен автосалон и сервис во Штип и во 2023 отворивме автосалон во Струмица.

Визијата на Авто Чајка се темели врз базичната основа на нашата долгорочна стратегија за раст и развој. Со тимска работа, искуство, одлично обучен кадар; секој клиент да биде одлично услужен, а тоа е нашиот основен мотив да создадеме одлична основа за продолжување на успешната приказна за нашата компанија.
Долгогодишно Искуство

Повеќе oд 30 години во бизнисот

90,000+

Задоволни Клиенти

8,500+

Продадени Автомобили

3

Продажни Центри

2

АВТОМЕХАНИЧАРСКИ СЕРВИСИ

1

АВТОЛИМАРСКИ СЕРВИС

30+

ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Историјат

Почнавме со работа на 07.07.1994 год. како автоперална и центар за продажба на нови и половни возила. Oд самиот почеток сме мултибренд компанија, овластен дилер за возилата од програмата на: Hyundai, Peugeot, Ford, Toyota и Honda.

Нашите критериуми за работа, поддржани со беспрекорни принципи, со континуираното следење во воведувањето на нови норми во автомобилската индустрија, придонесуваат да ги задоволиме желбите и потребите на нашите клиенти.

Основање на компанија

1994
Компанија се основа 7 Јули 1994

Продажен салон Hyundai

1996
Се отвора првиот продажен салон со Hyundai возила во Тетово

Ford

1997
Започнуваме со продажба на Ford возила

Автомеханичарски сервис

1997
Отварање на првиот автомеханичарски сервис

Peugeot

1998
Започнуваме со продажба на Peugeot возила

Автолакерски сервис

1999
Отварање на првиот автолакерски сервис

Продажен салон - Скопје

2004
Отварање на продажен салон Hyundai во Скопје

Продажен салон и сервис - Штип

2007
Отварање на продажен салон и сервис на Peugeot во Штип

Признание Peugeot

2015
Признание од генералниот увозник на Peugeot возилата во Македонија - Euroimpex за продадено најголем број на Peugeot возила во државата

Hyundai Награда

2015
2015 Excellent Dealer CIS & Eastern Europe

Признание од Hyundai Motor Company за најдобар дилер на Hyundai возила за Централна и Југоисточна Европа

Продажен салон - Струмица

2023
Отварање на продажен салон во Струмица
© 2024 Авто Чајка. Сите права се задржани.
Designed & Developed with
Duos Digital