Автоперална

Ние се грижиме за нашите клиенти

Во склоп на Авто салонот Авто Чајка во Тетово функционира и современа автоперална, со професионално чистење на вашиот автомобил како од надворешниот, така и во внатрешниот дел, со можност за склучување договор за перење на автомобилите и од вашата компанија.

Работиме со високо квалитетни сретства за одржување на каросеријата и внатрешниот дел на возилото, за висок сјај и удобно возење. Со редовно одржување на чиста каросерија ја штитите истата од корозија и добивате блескав изглед на вашето возило.

Вршиме и полирање на каросеријата но и на фаровите, темелно чистење на внатрешноста, како и хемиско чистење на седиштата во возилото.

Пералната покрај за автомобили работи и за комби возила и камионети и работи секој ден од понеделник до петок од 8 до 17 часот, а во сабота од 9 до 15 часот. Редовното одржување на чисто возило е дел од нашите услуги. 
© 2024 Авто Чајка. Сите права се задржани.
Designed & Developed with
Duos Digital