Yaris Cross

Стилскиот Yaris Cross го издигнува компактното возило на следно ниво:

ги поседува сите квалитети на агилниот Yaris, надградени со оние на SUV возило.

ДИЗАЈН

Инспирирани од деталите на сјајниот дијамант, кои се појавуваат низ целото возило, новиот Yaris Cross поседува изглед на атрактивен и софистициран SUV. Дизајниран специјално за европските купувачи, елегантниот Yaris Cross е прилагоден за сечиј вкус.

ТЕХНОЛОГИИ

За оние кои уживаат во бескомпромисните придобивки на теренските возила- Yaris Cross исто така може да биде опремен со интелигентен погон на сите тркала во комбинација со хибриден погон, “симбиоза” која ќе ви овозможи врвно теренско искуство со ниска потрошувачка на гориво и емисија на СО2.

ПЕРФОРМАНСИ

Како создавачи и лидери на Full Hybrid технологијата, најновиот SUV ги користи сите придобивки од најновата генерација на оваа технологија. Погонуван од напредниот 1,5-литарски мотор Hybrid Dynamic Force, новиот Yaris Cross комбинира одлична ефикасност на горивото и ниски емисии на CO2 со линеарна моќност и брз одговор. Добитна комбинација за градот.

ЕНТЕРИЕР

Без разлика дали имате потреба од повеќе простор во секојдневните обврски или пак флексибилност за вашето хоби за викенд, Yaris Cross интелигентно го користи сиот свој простор. Приспособете го багажникот според вашите потреби, искористете ја практичноста на задните седишта со можност за преклопување 40:20:40, и уживајте во удобноста на возењето.

БЕЗБЕДНОСТ

Како креатори на SUV сегментот со создавање на легендарниот RAV4 уште во 1994 година, целото наше искуство го интегриравме во новиот Yaris Cross. Со цврст, атлетски изглед, пространа внатрешност и висока позиција на седење, Yaris Cross ги нуди сите предности на SUV возило, во комбинација со компактност соодветна за урбаниот живот.
© 2024 Авто Чајка. Сите права се задржани.
Designed & Developed with
Duos Digital
Закажи Тест Возење
Побарај Понуда